Dejan Maksimoviç
09 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија во полуфиналето против Франција ќе игра без најдобриот тенисер, Рафаел Надал, кој се откажа од настапот поради повредата што ја доби на УС Опен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Надал нема да игра во полуфиналето на Дејвис купот поради повредата на коленото поради која го предаде полуфиналниот дуел на УС Опен против Хуан Мартин дел Потро.
„Поздрав до сите. Бидејќи ја пропуштив можноста да го играм финалето на Гренд слем во Њујорк, мора да знаете дека нема да можам да играм на Дејвис купот овој викенд во Лил против Франција. Направив добар распоред, кој го вклучуваше и Дејвис купот, и поради кој го пропуштив турнирот во Синсинати во август. Многу сум тажен што не можам да му помогнам на тимот да се пласира во финалето на Дејвис купот“, порача Надал преку Твитер.
Серxи Бругуера, селекторот на шпанскиот тенисер, потврди дека како замена на Надал ќе го повика Алберт Рамос.
Дуелот на полуфиналето на Дејвис купот меѓу Франција и Шпанија ќе се игра од 14 до 16 септември.