Süha Gür
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Атлетската федерација на Турција (TAF), соопшти дека Европското првенство во атлетика во сала ќе се одржи во 2023 година во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот одржан во Атакој на која присуствуваа претседателот на Атлетската федерација на Турција (TAF), Фатих Чинтимар, и претставници на други земји, беше оцената кандидатурата на Турција.
Во изјавата дадена по состанокот, Чинтимар рече дека Турција ќе биде домаќин на многу важен настан.
Истакнувајќи дека Турција денес го доживува еден од најважните денови во име на атлетиката, Чинтимар рече: „Им благодарам на нашиот тим кој работеше 1,5 години за оваа организација. Им благодарам на сите, особено на нашиот министер за поддршката. Исто така, му се заблагодаруваме и на нашиот претседател за сите можности што ни ги пружи. Се надевам дека успешно ќе го организираме Европското првенство во атлетика во сала. Организацијата ѝ беше доделена на Турција едногласно. Тоа за нас значи доверба и среќа. Ова е уште еден чекор кон олимпискиот ентузијазам во Истанбул.“
Мустафа Јасин Таш, генерален координатор на Европското првенство во атлетика во сала ќе се одржи во 2023 година во Истанбул, истакна дека од 2012 година не е одржана толку голем настан.
„Претходно неколкупати бевме кандидати, но не успевме да добиеме. После 1,5 година вложени напори успеавме да ја добиеме организацијата и многу сме среќни за тоа“, рече Таш.
Последното светско првенство во атлетика во сала се одржа во Арената за атлетика во Атакој во 2012 година.