Elvir Hociç
18 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (АА) - Најдобриот скијач на денешницата, Марсел Хиршер, убедливо триумфираше во велеслаломот и освои уште еден златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Олимпискиот победник во алпска комбинација, Хиршер, и во велеслаломот доминираше и беше побрз за 1,23 секунди од второпласираниот, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен. Бронзата ја освои Французинот Алексис Пинтуро.
Шесткратниот светски првак и победник на Светскиот куп во изминатите шест години, Хиршер, е главен фаворит и за освојување медал во слаломот кој е на програмата во четврток.
Словенецот Жан Крањец го освои четвртото место, а најдобриот хрватски скијач Филип Зубчиќ ја заврши трката на 24. место.
Најдобриот скијач од Србија, Марко Вукичевиќ, беше 41, а единствениот претставник на Косово во Пјонгчанг, Албин Тахити, го зазеде 56. место. Елдар Салиховиќ од Црна Гора беше на 64., а скијачот од БиХ, Емир Локмиќ, не успеа да ја заврши првата трка.