Barış Seçkin
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
РИМ (АА) - Во првото коло од италијанската прва фудбалска лига Серија А, екипата на Милан ја совлада Болоња со 2:0, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот се одигра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ во 35. минута од средбата со глава постигна погодок за водство на Милан од 1:0.
Тоа беше резултат и со кој се замина на полувреме.
Во 50. минута од средбата, благодарение на ВАР-системот, за домаќините беше досуден удар од белата точка што го изведе Ибрахимовиќ за водство на Милан од 2:0.
Кај гостите Мичел Дајкс во 88. минута од средбата го доби и вториот жолт картон, по што автоматски му следуваше црвен картон и го напушти теренот.
До крајот на натпреварот немаше други погодоци. Милан ја извојува својата прва победа сезонава благодарение на Ибрахимовиќ, кој беше стрелец на два погодока.