Husamedin Gina
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Одбојкарската репрезентација на Турција вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски" ВО Скопје во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство, ја совлада репрезентацијата на Северна Македонија со 3:1 во сетови, јавува Агенција Анадолија (АА).
На третиот ден од квалификацискиот турнир на кој машките репрезентации на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина се борат за пласман на Европското првенство, репрезентација на Турција ја совлада Северна Македонија со 3:1 во сетови.
Одбојкарите на Турција, првиот сет кој траеше 22 минути го добија со резултат од 25:16.
Вториот сет со резултат од 25:18 ја освои екипата на Северна Македонија. Сетот траеше 24 минути.
Третиот сет ѝ припадна на Турција, сетот кој траеше 24 минути го доби со 25:18.
Четвртиот и последен сет со резултат од 25:12 го освои репрезентацијата на Турција. Последниот сет траеше 20 минути.
На натпреварот судеа Александар Петровиќ од Србија и Иванов Ивајло од Бугарија.
Реванш средбите од квалификациите во Групата Ц ќе започнат утре, на 14 јануари, помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, со почеток во 18 часот, во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје.
Потсетуваме, првиот натпревар кој се играше понеделник (11.01) ја доби екипата на Северна Македонија со 3:1 во сетови.
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, што ќе биде организирано како два одделни турнири, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.