Can Erözden
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо денес потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед за враќање во англискиот клуб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Манчестер Јунајтед е среќен што може да го потврди потпишувањето на Кристијано Роналдо на двегодишен договор со опција за продолжување за уште една година, што ќе биде подложен на меѓународно одобрување”, се вели во соопштението на клубот.
Роналдо (36) за Манчестер Јунајтед изјави дека едвај чека да игра на Олд Трафорд по долгата пауза.
„Манчестер Јунајтед е клуб што отсекогаш имал посебно место во моето срце и обземен сум од сите пораки што ги добив, по најавата во петокот. Едвај чекам да играм на Олд Трафорд пред полн стадион и повторно да ги видам сите фанови. Со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот по меѓународните натпревари и се надевам дека ќе имаме многу успешна сезона пред нас“, рече Роналдо.
Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите, од кои четири беа со Реал Мадрид во 2014, 2016, 2017 и 2018 година, Роналдо, играше за Манчестер Јунајтед во периодот 2003-2009 година и ја освои титулата во англиската Премиер лига со „црвените ѓаволи“ три години по ред во 2007-2009 година.
Исто така е петкратен освојувач на „Златната топка“ и постигна 118 голови на 292 натпревари за Манчестер Јунајтед.
Потоа Роналдо играше за Реал Мадрид и Јувентус кои освоија титули во соодветните лиги.
Тој за време на неговата кариера постигна 674 клупски голови на 895 натпревари.
Роналдо беше шампион на ЕУРО 2016 со Португалија.
Капитенот на Португалија постигна 109 гола на 179 меѓународни натпревари за својата земја.