Selçuk Buğra Gökalp
13 Септември 2024•Ажурирај: 18 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо постигна историски рекорд, станувајќи првиот поединец кој собра 1 милијарда следбеници на социјалните мрежи, јавува Анадолу.
39-годишниот напаѓач на Ал-Наср го прослави достигнувањето на неговиот личен профил на платформата X, изразувајќи благодарност до своите фанови.
„Создадовме историја, 1 милијарда следбеници! Ова е повеќе од само бројка, тоа е доказ за нашата заедничка страст, стремеж и љубов кон играта и пошироко“, напиша Роналдо.
Фудбалската супер ѕвезда, кој исто така постави рекорди за најмногу следбеници на Инстаграм, од над 638 милиони, неодамна отвори канал на Јутуб кој достигна 50 милиони претплатници за една недела, наводен рекорд за платформата.
Роналдо, инаку петкратен добитник на „Златната топка“, има постигнато 131 гол за Португалија и даде значителен придонес на големите европски тимови, меѓу кои и 450 гола за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед, 101 за Јувентус и пет за неговиот прв клуб Спортинг КП. Тој, исто така, има постигнато 62 гола за неговиот сегашен клуб, саудискиот Ал-Наср.
„Ви благодарам што верувате во мене, за вашата поддршка и за тоа што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа, а ние ќе продолжиме понатаму, да победуваме и заедно да пишуваме историја“, додаде Роналдо во својата објава.