Hüseyin Burak Demirer
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Леброн Џејмс, коj игра во дресот на „Cleveland Cavaliers“ (Кливленд Кавалирс), успеа на вечната листа на кошаркари кои постигнале најголем број поени во плеј-оф натпреварите на Американската кошарка лига НБА да го поминe легендарниот Карим Абдул-Џабар и да стигне до втората позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
НБА продолжи со вториот круг на натпревари од плеј-офот. НБА шампионот „Cleveland Cavaliers“ беше домаќин на Торонто Рапторс. Домаќинот славеше со 125 : 103, со што стигна до 2-0 во полуфиналната серија од источната конференција на НБА.
Леброн Џејмс на овој натпревар постигна 39 поени, 6 асистенции и успеа да украде 3 топки, со што стигна до бројката од 5.762 поени во плеј-оф натпреварите на НБА и го надмина легендарниот американски кошаркар Карим Абдул-Џабар за 15 поени, стигнувајќи до второто место на вечната листа. Првопласиран на листата е Мајкл Џордан, со 5.987 поени.