Bedrudin Brlyavac
08 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во петокот навечер продолжи натпреварувањето од новоформираната Лига на нации. Одиграни се 7 натпревари, пишува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерите на Србија, во 4. група од Лигата Ц, на гости ја совладаа репрезентацијата на Литванија со резултат 1 : 0. Во истата група Романија како домаќин одигра нерешено против Црна Гора 0 : 0.
Репрезентацијата на Италија во 3. група од лигата А како домаќин ремизираше против Полска 1 : 1.
Турција во 2. група од Лигата Б, на домашен терен во градот Трабзон загуби од Русија со резултат 1 : 2.
Албанија во 1. група од Лигата Ц, на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Израел.
Во 3. група од Лигата Д, Фарски Острови ја совладаа Малта 1 : 0, додека Азербејџан на домашен терен одигра нерешено против Косово 0 : 0.
За вечерва се закажани следните натпревари: Швајцарија - Исланд, Англија - Шпанија, Северна Ирска - БиХ, Финска - Унгарија, Естонија - Грција, Белорусија - Сан Марино и Луксембург - Молдавија.