Berad Büyük
07 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Второто коло од фудбалската УЕФА Лига на нации продолжи со одигрување на 10 средби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 средби во рамките на второто коло од натпреварите на национално ниво во УЕФА во групите А, Б, Ц и Д.
Во 4-тата група од Лигата А, Шпанија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Украина. Домаќините прикажаа извонредна игра и со 4:0 ја совладаа Украина со двата погодоци на Серхио Рамос во 3. и 29. минута, на Ансу Фати во 32. и на Феран Торес во 84. минута од натпреварот. Младиот 17-годишен Фати се запиша во аналите на шпанскиот фудбал како најмлад фудбалер кој постигнал погодок на еден репрезентативен натпревар.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во УЕФА Лигата на нации:
Лига А
4. група: Швајцарија - Германија 1:1
Шпанија - Украина 4:0
Лига Б
3. група: Унгарија - Русија 2:3
Србија - Турција 0:0
4. група: Велс - Бугарија 1:0
Република Ирска - Финска 0:1
Лига Ц
3. група: Словенија - Молдавија 1:0
Косово - Грција 1:2
Лига Д
1. група: Андора - Фарски Острови 0:1
Малта - Летонија 1:1