Yunus Kaymaz
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ЛОНДОН (AA) - Германскиот репрезентативец и фудбалер на англискиот Арсенал Месут Озил оваа сезона го собори рекордот во бројот на создадени шанси во една сезона во анлиската Премиер лига, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Озил, кој 2013 година од Реал Мадрид премина во тимот на "Топџиите", со оштета од 54 милиони евра, во текот на 35 коло, оваа сезона 137 пати беше креатор на шанси за погодок, што е рекорд во англиската Премиер лига.
Сопственикот на овој рекорд до оваа сезона беше фудбалер на Челси, Франк Лампард, кој во сезоната 2008-2009 година, 134 пати беше креатор на шанса за погодок.
Месут е исто така најдобар асистент оваа сезона со 18 забележани асистенции, што е само две помалку во однос на актуелниот рекордер Французинот Тиери Анри, кој асистираше 20 пати во сезоната 2002-2003 година.