Fatih Erel
23 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денес започна дисциплински постапки против 28 руски атлетичари откако пронајдe докази за манипулации со нивните примероци од урина на Зимските олимписки игри во 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
MOK ја донесе оваа одлука по објавувањето на извештајот од независниот истражувач на Светската антидопинг агенција на 9 декември.
„Според извештајот на независниот истражувач објавен на почетокот од декември, МОК започнува дисциплински постапки против сите 28 атлетичари за кои постојат докази за манипулација на еден или повеќе примероци од нивната урина, кои беа земени на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година“, се вели од МОК.
Исто така, ќе се направи ново испитување на примероците од сите руски атлетичари што учестуваа во Зимските игри во Сочи и на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година.
МОК досега има изречено мерки за 27 руски атлетичари поради резутатот на претходната програма на повторна анализа за Олимписките игри во Пекинг 2008 година и за Лондон 2012 година.