Bedrudin Brlyavac
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
САРАЕВО (АА) - Португалскиот тренер, Жозе Мурињо, изјави дека нема да го спречува Златан Ибрахимовиќ да го напушти Манчестер Јунајтед доколку тој тоа го сака, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ништо не ни кажа за тоа. Сè што слушнав и дознав за тој трансфер е од медиумите. Златан ништо не ми кажа така што не знам ништо за тоа. Тој со нас има уште една година договор и доколку е вистина дека иднината ја гледа во друг клуб, или во друга земја, тогаш ние сме подготвени да му помогнеме и да му обезбедиме услови тоа и да го оствари. Не сакаме да му го отежниме животот“, изјави Мурињо за новинарите.
Американските и британските медиуми денес објавија дека Лос Анџелес Галакси и Ибрахимовиќ започнале преговори за премин на шведскиот напаѓач во американскиот клуб.
Ибрахимовиќ во досегашната кариера играше за Малмо ФФ, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.
Во дресот на шведската репрезентација во 116 натпревари постигна 62 гола.