Can Erözden
18 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
МЕЛБУРН (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби во натпревар од второто коло на „Австралија опен“, првиот Гренд слем-турнир оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Актуелниот шампион на „Австралија опен“ и светскиот рекет број два е совладан од Американецот Мекензи Мекдоналд, 65. тенисер на светската АТП-листа.
Во мечот што траеше 2 часа и 32 минути, Мекензи извојува победа од 3:0 (по сетови 6:4, 6:4, 7:5).
За освојувачот на 22 Гренд слем-титули ова е најрано испаѓање од „Австралија опен“ уште од 2016 година, кога загуби од Фернандо Вердаско со 2:3 (по сетови 6:7, 6:4, 6:3, 6:7 и 2:6).
„Австралија опен“ започна во понеделникот, 16 јануари и ќе трае до 29 јануари.