Emrah Oktay
15 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Норвешкиот репрезентативец Омар Елабделауи наскоро ќе стане нов фудбалер на турскиот Галатасарај, јавува Агенција Анадолија (AA).
Раководството на турскиот Галатасарај соопшти дека водат завршни преговори за доаѓање на Елабделауи во клубот.
Норвешкиот десен бек изминатите шест сезони ги помина во грчки Олимпијакос, а во Галатасарај заминува како слободен играч.
Елабделауи е 28-годишен играч од Осло кој како тинејџер важеше за еден од најталентираните фудбалери во Европа, а како 16-годишник потпиша договор со Манчестер сити. Како позајмен играч играше и во Фајенорд, Хал Сити и Ајнтрахт Брауншвајг.