Yunus Kaymaz
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Одиграни се три реванш-средби од плејофот на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
По одиграните средби во Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, оваа сезона учество обезбедија екипите на Бенфика, Малме и Јанг Бојс.
Резултати од одиграните натпревари:
ПСВ Ајнховен - Бенфика 0:0 (првиот натпревар заврши 1:2)
Лудогорец - Малме 2:1 (првиот натпревар заврши 0:2)
Ференцварош - Јанг Бојс 2:3 (првиот натпревар заврши 2:3)
Денеска на програмата се преостанатите три средби од плејофот на УЕФА Лигата на шампиони. Се среќаваат:
Шахтјор Донецк - Монако (1:0)
Динамо Загреб - Шериф Тираспол (0:3)
Бронби - Салцбург (1:2)