Ercan Çakar
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Поради безбедносни причини одложен е вечниот фудбалски дерби на турскиот фудбал помеѓу Галатасарај и Фенербахче кој требаше да се игра вечерва, јавува Anadolu Agency (AA).
Претхофно полицијата и фудбалскиот сојуз донесоа одлука дека мечот ќе се игра пред празни трибини, а потоа е донесена одлука да се игра мечот во друг термин.
На трибините на стадионот на Турк Телеком Арената веќе се собра група навивачи која по одлуката на надлежните е евакуирана од стадионот.
Актуелниот првак на Турција, Галатасарај моментално се наоѓа на петтата позиција на табелата со натпревар помалку и 24 бода помалку од лидерот Бешикташ, додека гостинскиот тим Фенербахче е од другата страна на позиција на табелата со четири бода и натпревар помалку од лидерот.