Bülent Aslan
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Булен Аслан
Во историјата на светските првенства, сите репрезентации што ја освоиле титулата биле предводени од домашни тренери, пишува Anadolu Agency (AA).
Репрезентациите предводени од странски тренери не успеале да ја освојат титулата светски фудбалски првак. Во досегашните 20 светски првенства, осумте земји кои ѝ се радуваа на шампионската титула беа предводени од домашни тренери.
Уругвај беше првата репрезентација која како домаќин ја освои шампионската титула, а тренер на репрезентацијата беше домашниот тренер Алберто Супичи. Репрезентацијата на Германија, својата четврта титула на последното светско првенство, ја освои под раководство на Германецот Јоаким Лев.
Бразил своите 5 титули, Германија своите 4 и Италија 3-те титули светски фудбалски првак ги освоија со домашни тренери.
- Светски фудбалски прваци и нивните тренери -
Листата на репрезентации кои победиле на Светското фудбалско првенство и нивните домашни тренери изгледа вака:
Првенство | Шампион | Тренер |
1930 | Уругвај | Алберто Супичи |
1934 | Италија | Виторио Поцо |
1938 | Италија | Виторио Поцо |
1950 | Уругвај | Хуан Лопез Фонтана |
1954 | З. Германија | Сеп Хербергер |
1958 | Бразил | Висенте Итало Феола |
1962 | Бразил | Ајморе Мореира |
1966 | Англија | Мартин Питерс |
1970 | Бразил | Марио Загало |
1974 | З. Германија | Хелмут Шон |
1978 | Аргентина | Цесар Луис Меноти |
1982 | Италија | Енцо Беарцот |
1986 | Аргентина | Карлос Билардо |
1990 | Германија | Франц Бекенбауер |
1994 | Бразил | Карлос Алберто Пареира |
1998 | Франција | Еме Етјен Жаке |
2002 | Бразил | Луис Фелипе Сколари |
2006 | Италија | Марчело Липи |
2010 | Шпанија | Висенте дел Боске |
| 2014 | Германија | Јоаким Лев |