Serhat Bağbars
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалската асоцијација на Мексико ги суспендира сите фудбалски натпревари во земјата во следните десет дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалските судии во Мексико стапија во генерален штрајк поради незадоволството од фактот дека се цел на сè почести физички и вербални напади од страна на играчите.
Одлуката за одложување на сите натпревари на мексиканската лига е поради штрајкот на судиите, а Сојузот соопшти дека во следните неколку дена ќе го објави распоредот за продолжување на натпреварите.
Во првата лига на Мексико се одиграни девет круга, а на врвот на табелата е Гвадалахара со освоени 17 поени.