Doğa Kırmızıoğlu
24 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
АНКАРА (АА) - Португалскиот фудбалски клуб Порто соопшти дека го продолжил договорот на својот 40-годишен одбранбен играч Пепе, пренесува Анадолу.
Според соопштението на клубот, португалската ѕвезда го прифатила предлогот на Хорхе Нуно Пинто да Коста, претседателот на Порто, за продолжување на договорот и го потпишала овој договор.
Во соопштението се наведува дека договорот потпишан од Пепе ќе биде чуван во музејот на клубот.
Пепе и во сезоните од 2004 до 2007 година играше за Порто, додека оваа сезона одигра 28 натпревари со дресот на овој клуб.
Инаку, Пепе со португалската репрезентација одигра 133 натпревари и постигна 8 погодоци.