Bakir Tiro
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
МАДРИД
Радомир Антиќ на 72 години почина во главниот шпански град Мадрид, соопшти Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Семејството на нашиот клуб жали поради смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир“, соопштија од Атлетико Мадрид.
Еден од најпознатите и најуспешни фудбалски тренери од просторот на државите фомирани со распаѓањето на СФР Југославија, последните три месеци го помина во болница, и не успеа да ја добие битката со тешката болест.
Посебно ќе остане запамтен како тренер кој од клупа ги водеше трите најголеми шпански клубови, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона.
По неговата работа како асистент во стручниот штаб на белградскиот фудбалски клуб Партизан од средината на 80-тите години од минатиот век, работеше во Шпанија. Покрај споменатите три клубови, беше тренер и на Реал Зарагоза, во два наврати на Овиедо, и Селта Виго.
Во играчката кариера Антиќ настапуваше за матичната Слобода од Ужице, Партизан од Белград, Фенербахче, Реал Зарагоза и Лутон. Има одиграно и еден натпревар за националниот тим СФР Југославија.
Радомир Антиќ е роден на 22 ноември 1948 година во Житиште (Србија).