Berad Büyük
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот тенисер на светот, Шпанецот Рафаел Надал, поради повреда на раката се откажа од настапот на Мастерсот во Шангај, јавува Anadolu Agency (AA).
Надал (33), поради повредата на раката не настапуваше минатиот месец на Лавер купот, а како што е потврдено од неговиот тим, поради истата повреда нема да настапува ни на утрешниот Мастерс во Шангај.
Поради повредата на раката беше принуден да се повлече од голем број натпревари, но во кариерата досега освои 19 грен-слем турнири.
Последниот освоен турнир на Надал беше УС Опен, со кој речиси го стигна пет години постариот чувар на рекорди, Швајцарецот Роџер Федерер, кој има освоено вкупно 20 грен-слем турнири.
Освен што стигна блиску до Федерер по бројот на освоените гласови, Надал ја намали и разликата во бодовите на АТП листата со српскиот тенисер Новак Џоковиќ, кој во моментот е на првата позиција.
Надал, со освојувањето на УС Опен собра 9.225, додека првопласираниот Џоковиќ има 9.865 бода.
Џоковиќ ќе настапува на Мастерсот во Шангај.