Elvir Hociç
10 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
МАДРИД (АА) - Менаџерот на Реал Мадрид понуди нови услови за Кристијано Роналдо, но новата понудена плата не е ни половина од онаа што португалскиот ас ја бара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанските спортски медиуми денес јавуваат дека раководството на „кралскиот клуб“ на Роналдо му понудил годишна плата од 33 милиони евра.
Истите извори велат дека ова нема да биде доволно за да се задржи Роналдо на стадионот „Сантијаго Бернабе“, со оглед на тоа дека бара годишна плата од 73 милиони евра.
Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, во Реал Мадрид е веќе девет години и заработува многу помалку од ривалите Лионел Меси, кој Барселона годишно го плаќа 55 милиони евра, и Нејмар, кој во ПСЖ заработува 38 милиони евра.