Şenhan Bolelli
30 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
МАДРИД (АА) - Во 15. коло во шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига) Реал Мадрид на гостински терен победи против Алавес со резултат 2:1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првото полувреме на натпреварот заврши со резултат 0:0.
Во второто полувреме Серхио Рамос и Дани Карвахал од Реал Мадрид постигнаа погодоци во 51. и во 69. минута, додека голот на домашниот клуб Алавес го постигна Лукас Перез во 65. минута.
Со овој резултат Реал Мадрид освои 3 бода, и со тоа овој клуб со 31 бод се најде на чело на табелата, по кој следува Барселона со 28 бода.
Алавес има 18 бода на табелата.