01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Управата на Реал Мадрид ќе стори сé за да го донесе напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што тврди „Le10Sport.com“, на Реал му е потребен врвен напаѓач, особено ако наскоро клубот го напуштат Герет Бејл и Џејмс Родригез, дуото кое кралскиот клуб на крајот на минатата сезона планираше да го продаде.
Францускиот портал исто така наведува дека тренерот на „мадриѓаните“, Зинедин Зидан, многу сака во тимот да го види Мане, за кого и претходно изјави дека е одличен напаѓач.
Веќе е остварен и првиот контакт со агентите на играчот, и сега сè останува на 27-годишниот фудбалер кој оваа сезона на 27 мечеви постигна 14 гола и 11 асистенции.
Според „Трансфермакт“, Мане моментално вреди 150 милиони евра, а неговата цена во 2012 година изнесуваше 4 милиони евра.
Кариерата ја започна во 2011 година во францускиот Мец, од каде што следната година потпиша за Ред Бул Салцбург, од каде во 2014 година премина во Саутемптон, а од 2016 година го носи дресот на Ливерпул, за кој во 110 натпревари постигна 55 гола.
Во дресот на репрезентацијата на Сенегал во 69 настапи постигна 19 гола.