Şenhan Bolelli
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Во 14. коло на шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Реал Мадрид на домашен терен го совлада својот противник Валенсија, со резултат 2:0, пренесува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот беше одигран на стадионот „Сантјаго Бернабе“.
Првото полувреме заврши со водство од 1:0 на Реал Мадрид, во коe фудбалерот на Валенсија, Вас, даде автогол.
Исто така, домашната екипа и во второто полувреме го продолжи водството со голот на Лукас Васкез, кој го постигна во 83. минута.
Реал Мадрид, со резултат 2:0 ја совлада гостинската екипа Валенсија.
Реал Мадрид во табелата има 23, а Валенсија 17 бода.