Fatih Erel
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот Ливерпул, шпанската Барселона, италијанскиот Јувентус, германската Борусија Дортмунд и францускиот Париз Сен Жерман (ПСЖ) се на врвот на табелите по последните игри во првите пет европски фудбалски лиги, пишува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, Ливерпул го освои шестиот меч по ред, победувајќи го Манчестер јунајтед со резултат 3:1 и освојувајќи 45 бода. По него на табелата следува Манчестер сити со 44 бода.
Манчестер сити го победи Евертон со резултат 3:1, Тотенхем го порази Барнли со 1:0, додека Челзи го победи Брајтон со резултат од 2:1.
Во шпанската Ла Лига, Барселона го порази Леванте со 5:0 и остана на врвот на лигата со 34 поени. Лионел Меси постигна хет-трик и обезбеди две асистенции во победничкиот меч со резултат од 5:0.
Севиља ја совлада Жирона со 2:0, Атлетико Мадрид го порази Реал Ваљадолид со 3:2, додека Реал Мадрид го победи Рајо Валекано со резултат од 1:0.
На табелата по Барселона се Севиља и Атлетико Мадрид со по 31 бод и Реал Мадрид со 29 бода.
Во Италијанската Серија А, Јувентус го победи Торино со резултат од 1:0 и остана на врвот на лигата со 15 победи во 16 меча.
Во германската Бундеслига, лидерот Борусија Дортмунд го победи Вердер Бремен со 2:1, постигнувајќи 39 бода на табелата, додека сегашниот шампион Баерн Минхен го порази Хановер 96 со резултат од 4:0 и остана со 9 бода разлика од врвот на табелата.
Некои натпревари од француската Лига 1 не успеаја да се одиграат поради протестите на „жолтите елеци“ низ целата земја.
Беше одложен и натпреварот на ПСЖ. Сепак, Париз Сен Жермен остана на врвот со 44 бода.