Bakir Tiro
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
РИМ (АА) - Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој на почетокот на сезоната од Реал Мадрид премина во Јувентус, изјави дека би сакал во Торино да му се придружи Марсело Вијеира, актуелниот првотимец на „кралскиот клуб“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На добрите фудбалери вратите им се секогаш отворени. Искрено, би сакал да го видам Марсело во Јувентус“, рече Роналдо.
Португалскиот ас истакна дека Гарет Бејл, Марко Асенсио и Џејмс Родригез, кои изминатите недели се споменуваа како можни засилувања на Јувентус, не му се потребни на шампионот на Италија.