Mutlu Demirtaştan
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, изјави дека сака да продолжи со освојувањето трофеи и кариерата да ја заврши во Реал Мадрид, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мојата мотивација е на високо ниво. Би сакал да ја завршам мојата кариера во Реал, но, се разбира, тоа не зависи само од мене. Јас не сум шеф во клубот, но од моја страна ќе дадам максимум за тимот. Мое е на теренот да ја одработам работата и мислам дека тоа добро го правам“, изјави Роналдо во интервјуто за клупската телевизија на мадридскиот кралски клуб.
Следната сабота, на распоредот е големото шпанско дерби, а Роналдо рече дека се надева на победа против Барселона.
„Се трудиме да уживаме во играта на теренот. Секој ден ја зголемуваме нашата самодоверба и по патот кон трофеите“, рече Роналдо.
Роналдо е задоволен со освоената титула светски клупски шампион, што Реал Мадрид ја освои вчера со победата над бразилскиот Гремио, и нагласи дека тимот постигнал рекорден успех со освојувањето на пет титули во една година.
„На терен излеговме мотивирани и решени да победиме. Тоа е фантастичен успех“, заклучи Роналдо.