Abdulkadir Karakaya
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантос, истакна дека Кристијано Роналдо, кој го напушти теренот фрлајќи ја капитенската лента на мечот со Србија, ќе продолжи да биде капитен на репрезентацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сантос даде изјава во врска со реакцијата на Роналдо на натпреварот против Србија на европските квалификации за СП 2022, што заврши со нерешен резултат 2:2.
Истакнувајќи дека португалскиот фудбалер бил многу разочаран, Сантос рече: „Никој нема да каже дека неговата реакција е добра, но дебатата за капитенската функција на Роналдо нема никаква смисла. Тој е национален пример.“
Португалскиот тренер, наведувајќи дека Роналдо е играч со многу голем ентузијазам за победа, рече: „Да ме повредеше мене, неговите соиграчи или Федерацијата на непромислен начин, ќе мораше да се справиме со оваа ситуација. Но такво нешто не се случи. Роналдо засекогаш ќе ја задржи капитенската трака.“
Триесет и шестгодишната фудбалска ѕвезда, во последните моменти од натпреварот во Србија, реагираше на фактот дека судијата го поништи неговиот гол фрлајќи ја капитенската лента.