Bakir Tiro
19 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (АА) - Александар Крушелнички, репрезентативецот на Русија во карлинг, излезе позитивен на допинг тест на Зимските олимписки игри (ЗОИ), кој се одржуваат во Пјонгчанг, соопшти утрово Спортскиот арбитражен суд (ЦАС), јавува Anadolu Agency (AA).
И анализата на примерокот „Б“ потврди дека Крушелнички е позитивен на недозволено средство и на тој начин го прекрши антидопинг правилото.
Тој веќе ја врати акредитацијата и го напушти олимпиското село во Јужна Кореја, изјавија од тимот на „Олимписките спортисти од Русија“.
Александар Крушелнички со сопругата Анастасија Бризгалов го освоија бронзениот медал во мешани двојки на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Медалот на овој руски спортист ќе му биде одземен, а го очекува и ригорозна казна поради допинг.
Инаку, на спортистите од Русија поради бројните допинг афери, им е забранет настапот на 23. Зимски олимписки игри, забранет им е и настап под националните обележја и под името на својата земја. Поради тоа, тие настапуваат под олимпиското знаме и под назив на тимот „Олимписки спортисти од Русија“.