Bojana Stojanovic
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
БЕЛГРАД (АА) - Фудбалската репрезентација на Србија ја совлада денес репрезентацијата на Костарика со резултат 1 : 0 во првиот натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Србија се врати на Мундијалот по осумгодишна пауза, додека Костарика настапи на минатиот во Бразил, каде што забележа најдобар пласман во историјата, стигнувајќи до четвртфиналето.
Во 26. минута имаше голема шанса која Србија не ја искористи, кога Сергеј Милинковиќ-Савиќ со „ножички“ шутираше на голот на Костарика, но Кејлор Навас одбрани.
На полувремето, резултатот беше 0 : 0.
Во 51. минута, најдобра шанса за Србија имаше Александар Митровиќ, но неговиот обид беше одбранет.
Гол за репрезентацијата на Србија во 56. минута постигна Александар Коларов.
Костариканците се обидоа од прекин во 72. минута, но одбраната на Србија играше без грешка.
На 5 минути пред крајот на натпреварот, имаше жесток притисок од Костарика, но натпреварот е завршен со победата на Србија.
Во центарот на Белград, на „Мундијалскиот“ плоштад, граѓаните ја бодреа Србија за време на целиот натпревар, а освен на трибините и клупите, седеа и на асфалтот на плоштадот „Никола Пашиќ“ со видни обележја на Србија, како знамиња и дресови од фудбалската репрезентација, но и со труби.
Тие со аплауз го следеа секој напад, но и добрата одбрана на репрезентацијата на Србија.
Натпреварот е одигран во арената „Космос“ во Самара, а главен судија беше Мланг Диједиј од Сенегал.
Во вториот меч од групата Е од 20:00 часот се состануваат Бразил и Шпанија.