Mutlu Demirtaştan
01 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА)
Во финалето на УЕФА Лига Европа, шпанскиот претставник Севиља по изведувањето на ударите од белата точка успеа да го совлада италијанскиот претставник Рома и седми пат стана шампион на ова натпреварување, известува Анадолу.
Севиља, предводена од шпанскиот тренер Хосе Луис Мендилибар, успеа да ја освои седмата шампионска титула во Лига Европа.
Претходно тимот на Севиља беше шампион на ова натпреварување во 2006, 2007, 2014, 2015, 2016 и 2020 година, а оваа година ја освои титулата совладувајќи ја Рома во финалето.

- Рома вторпат загуби во финалето
Тимот на Рома, кој синоќа беше предводен од португалскиот тренер Жозе Мурињо, вторпат по 1991 година играше во финале на УЕФА Лига Европа.
Во првото финале во 1991 година Рома загуби од Интер, а овој пат загуби од Севиља и не успеа да го освои посакуваниот трофеј.
- Мурињо првпат загуби во едно финале
Жозе Мурињо, кому ова му беше 6. финале во рамките на УЕФА куповите, првпат претрпи пораз.
Претходно Мурињо како тренер петпати ги предводеше своите тимови во две финалиња на УЕФА Лигата на шампиони, две финалиња на УЕФА Лига Европа и едно финале во УЕФА Конференциска лига и петпати излезе како победник, но овој пат на патот до трофејот во финалето Мурињо не успеа да ги мине Мендилибар и Севиља.
Мурињо со Порто во сезоната 2002/2003 и со Манчестер Јунајтед во 2016/2017 ја освои шампионската титула на УЕФА Лигата Европа. Во сезоната 2003/2004 со Порто и 2009/2010 со Интер беше победник на УЕФА Лигата на шампиони.
Искусниот фудбалски стратег со Рома претходната сезона 2021/2022 беше победник на УЕФА Конференциска лига.