Doga Kirmizioglu
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АНКАРА (АА) - Со Големата награда на Австралија, започнуваат возбудувањата во новиот шампионат на Светското првенство 2018 во Формула 1, јавува Anadolu Agency (AA).
Науспешни 5 пилоти и тимови во историјата на Формула 1
Патеката Мелбурн е со должина од 5.303 метри. До победата на Големата награда на Австралија ќе дојде пилотот на Формула 1, кој ќе постигне најдобро време, извозувајќи 58 круга. Борбата за пол-позиција е закажана за утре (сабота) во 07:00 часот по средноевропско време. Трката за победник на Големата награда на Австралија е закажана за 25 март (недела) со почеток во 06:10 часот.

Во натпреварот во Формула 1, кој спаѓа меѓу најпрестижните и најгледаните натпревари во светот, оваа година ќе се одржи 21 трка:
Календар на Светскиот шампионат за 2018 година во Формула 1:
25 март: Голема награда на Австралија
8 април: Голема награда на Бахреин
15 април: Голема награда на Кина
29 април: Голема награда на Азербејџан
13 мај: Голема награда на Шпанија
27 мај: Голема награда на Монако
10 јуни: Голема награда на Канада
24 јуни: Голема награда на Франција
1 јули: Голема награда на Австрија
8 јули: Голема награда на Британија
22 јули: Голема награда на Германија
29 јули: Голема награда на Унгарија
26 август: Голема награда на Белгија
2 септември: Голема награда на Италија
16 септември: Голема награда на Сингапур
30 септември: Голема награда на Русија
7 октомври: Голема награда на Јапонија
21 октомври: Голема награда на САД
28 октомври: Голема награда на Мексико
11 ноември: Голема награда на Бразил
25 ноември: Голема награда на Абу Даби