Nilay Kar
22 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турската натпреварувачка во стрелаштво, Јешим Бостан, освои сребрен медал на овогодишниот Светски шампионат во стрелаштво на отворено во Мексико Сити, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмена порака денес турскиот министер за млади и спорт, Осман Ашкин Бак, го честита успехот на младата Бостан.
„Верувам дека нашата национална спортистка ќе ја претставува нашата земја на најдобар начин и во наредните натпреварувања“ , рече тој.
Јешим Бостан (22) беше победена од 21-годишната Јужнокорејка Сонг Јун-со со 145-143 во финалето.
Во полуфиналето ја победи 29-годишната Германка Кристина Хајгенхаусер со 145-141.
Бостан го направи своето меѓународно деби во 2014 година, освојувајќи го бронзениот медал со стрелашката јуниорска екипа на Светското првенство во стрелаштво на затворено во Ним, Франција.
Светскиот шампионат во стрелаштво „Hyundai 2017“ година започна на 15 октомври во Мексико Сити, и завршува денес.