Barış Gündoğan
05 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција денес соопшти дека 14 терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во подрачјата на операциите „Извор на мирот“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека турските безбедносни сили им задале тежок удар на терористите во северна Сирија.
Нагласено е дека во зоните на операциите „Извор на мирот“ и „Маслинова гранка“ се неутрализирани 14 терористи на ПКК/ЈПГ, кои прво отвориле оган, а потоа се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе. Во северна Сирија дејствува огранокот на ПКК, ЈПГ.
Турските сили во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница, во изминатите шест години спроведоа неколку успешни антитерористички операции: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Целта на операциите беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, да се спречи формирање терористички коридор и да се воспостави безбедна зона за цивилите.