Fatih Erel
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – УЕФА одлучи да му забрани на Трабзонспор да учествува во европските купови на една година со образложение дека не ги исполнил своите финансиски обврски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од УЕФА се истакнува дека на Трабзонспор ќе му биде забрането да учествува на европските купови во една од сезоните 2020-2021 или 2021-2022 година, доколку успее да обезбеди пласман во својата лига за да учествува во европските купови.
УЕФА пред почетокот на оваа година соопшти дека Клупското контролно финансиско тело на УЕФА (CFCB) на Трабзонспор му одобри да учествува во европските купови во сезоната 2019-2020.
Исто така беше истакнато дека Трабзонспор ги прекршил правилата на договорот за финансиски фер-плеј склучен со УЕФА за 2016 година и доколку до 15 октомври 2019 година не ги исполни условите ќе биде исклучен од европските купови во една од сезоните 2020-2021 или 2021-2022 година.
Меѓу другото беше забележано дека доколку Трабзонспор ги исполни бараните услови до тој датум, казната за исклучување од европските купови нема да се примени.