Abdulkadir Karakaya
04 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа натпреварите од 5. коло во УЕФА Лига Европа, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата А, Рома со победата над Јанг Бојс од 3:1 и во групата Б, екипата на Арсенал, совладувајќи го Рапид Виена со 4:1, го обезбедија првото место во своите групи и пласман во наредната фаза на Лига Европа.
Во групата Ц, Славија Прага извојува победа од 3:0 над Хапоел Бир Шева, а Баер Леверкузен со 3:2 ја совлада Ница.
Во групата Д, Ренџерс со 3:2 го совлада Стандард Лиеж, додека Бенфика му нанесе висок пораз од 4:0 на Лех Познан.
Во групата Е, Гранада на домашен терен загуби со 0:1 од ПСВ, додека Омонија со 2:1 го совлада ПАОК.
Во групата Ф, средбите АЗ Алкмар - Наполи 1:1 и Реал Сосиедад - Риека 2:2 завршија без победник.
Во групата Г, Зорја Лујанск со минимални 1:0 го совлада Лестер Сити, додека Брага како гостин со 2:4 го совлада АЕК.
Во групата Х, екипата на Милан со 4:2 го совлада Селтик, додека Лил со 2:1 ја совлада Спарта Прага.
По одигрувањето на 5. коло, пласманот во наредната фаза на УЕФА Лига Европа обезбедија Рома, Арсенал, Славија Прага, Баер Леверкузен, Ренџерс, Бенфика, Гранада, ПСВ, Лестер Сити, Брага, Лил, Милан, Виљареал, Антверпен, Динамо Загреб, Црвена Ѕвезда и Хофенхајм. Билет во наредната фаза од ова натпреварување во последното 6. коло ќе се бара на средбите во групите А, Б, Ф, И, Ј и К.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Милан - Селтик 4:2
ЦСКА Москва - Волфсбергер 0:1
Феенорд - Динамо Загреб 0:2
Зорја Лујанск - Лестер Сити 1:0
Антверпен - Лудогорец 3:1
ЛАСК - Тотенхем 3:3
Лил - Спарта Прага 2:1
Црвена Ѕвезда - Хофенхајм 0:0
АЕК - Брага 2:4
Карабах - Макаби Тел Авив 1:1
Сиваспор - Виљареал 0:1
Гент - Слован Либерец 1:2
Бенфика - Лех 4:0
АЗ Алкмар - Наполи 1:1
Славија Прага - Хапоел Бир Шева 3:0
Арсенал - Рапид Виена 4:1
Ница - Баер Леверкузен 2:3
Омонија - ПАОК 2:1
Клуж - ЦСКА Софија 0:0
Молде - Дандалк 3:1
Реал Сосиедад - Риека 2:2
Рома - Јанг Бојс 3:1
Гранада - ПСВ Ајндховен 0:1
Глазгов Ренџерс - Стандард Лиеж 3:2