Yunus Kaymaz
08 Август 2019•Ажурирај: 11 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - УЕФА ја објави листата на кандидати за најдобри фудбалери на годината во Европа во сезоната 2018/2019, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на УЕФА, по гласањето извршено од страна на тренерите на 32 клуба, кои се пласираа во групи во Лигата на шампиони од минатата сезона, и на новинарите од 55 земји членки на УЕФА, биле избрани по тројца фудбалери за четири позиции.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 29 август.
Кандидатите се следни:
Голман: Алисон Бекер (Ливерпул), Иго Лорис (Тотенхем), Марк-Андре тер Штеген (Барселона).
Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лигт (Ајакс/Јувентус), Вирџил ван Дијк (Ливерпул).
Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс/Барселона), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Џордан Хендерсон (Ливерпул).
Напаѓач: Садио Мане (Ливерпул), Лајонел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус).