Yunus Kaymaz
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудувањата во Формула 1 продолжуваат викендов со трката за Големата награда на Турција, која е 16. трка на Светското првенство во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
На патеката Интерсити Истанбул парк за утре е закажан првиот тренинг со почеток во 10:30 часот. Вториот тренинг е закажан за 14:00 часот, со што ќе завршат активностите од првиот ден.
В сабота возачите на Формула 1 во 11:00 часот ќе го имаат третиот тренинг, а истиот ден во 14:00 часот ќе започне борбата за полпозициите.
Трката за Големата награда на Турција е закажана за в недела, 10 октомври, со почеток во 14:00 часот.
Возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбрзо ќе ги извози 58-те круга на патеката Интерсити Истанбул парк, долга 5.338 метри.
- 16. трка сезонава ќе биде остра борба меѓу Хамилтон и Верстапен -
Се очекува трката за Големата награда на Турција да биде директна борба меѓу Хамилтон и Верстапен.
Хамилтон со победата на трката во Турција, посакува да дојде до својата петта последователна титула во Формула 1, вкупно осма во својата кариера.
Од друга страна, Верстапен, возачот на Ред Бул, има желба со најмалку загуби на поени во преостанатите шест трки сезонава, меѓу кои е и Големата награда на Турција, да стигне до својата прва титула во кариерата, а во исто време да ѝ стави крај на серијата на Хамилтон.
- Два поени разлика меѓу Хамилтон и Верстапен -
Луис Хамилтон и Макс Верстапен, двајцата најголеми кандидати за шампионската титула, ќе стартуваат на Големата награда на Турција со два бода разлика.
Хамилтон се наоѓа на врвот на листата на возачи во Формула 1 со освоени 246,5 поени, а второпласиран е Верстапен со 244,5 поени.
Најблиско име до овие двајца е Валтери Ботас, возачот на Мерцедес, кој е на третото место со освоени 151 бод.