Mutlu Demirtaştan
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Утре возбудата во Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со 14. трката на „ДХЛ Големата награда на Турција“, известува Агенција Анадолија (АА).
Со првиот тренинг што ќе се одржи утре на патеката Интерсити Истанбул Парк со почеток 9:00 часот стартува трката за Големата награда на Турција. Со вториот тренинг закажан за 13:00 часот завршува првиот ден од трката.
Во сабота на 14 ноември со почеток во 10:00 часот возачите на Формула 1 ќе излезат на патеката за да го спроведат третиот тренинг. Истиот ден во 13:00 часот ќе започне натпреварувањето за полпозициите.
Трката за Големата награда на Турција која по 9 години повторно влезе во календарот на Формула 1 ќе стартува на 15 ноември (недела) во 11:10 часот. Патеката Интерсити Истанбул парк е со должина од 5.338 метри, а возачот кој најбргу ќе ги извози 58 круга на патеката ќе биде победник на ДХЛ Големата награда на Турција.