Dejan Maksimoviç
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
ХОКЕНХЕЈМ (АА) - Германецот Себастијан Фетел, возачот на Ферари, беше најбрз во денешните квалификации за трката за Големата награда на Германија. Тој заврши прекрасна работа во Хокенхајм, посебно поради тоа што неговиот главен конкурент, возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, го освои дури 14-то место, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон во текот на квалификациите имаше проблем со хидрауликата на својот болид.
Фетел, од друга страна, возеше беспрекорно и пред својата публика со време 1:11,212 минута убедливо стигна до пол позицијата. Од првиот ред, како второпласиран во квалификациите, ќе стартува Валтери Ботас од конкурентскиот Мерцедес, а од третата позиција, тимскиот колега на Ветел, Кими Раиконен.
Во пресрет на трката за Големата награда на Германија, Фетел е лидер на листата на возачи со 171 поен, а следи Хамилтон со осум поени помалку. На листата на конструктори води Ферари со 287 поени, додека Мерцедес е втор со 267.