Doga Kirmizioglu
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
АНКАРА
Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со 18. годинешна трка, Големата награда на Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеката „Ерманос Родригес“ долга 4.304 метри, која се наоѓа во близина на главниот град Мексико Сити, возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе извози 71 круг за триумф на Големата награда на Мексико. Натпреварите за полпозициите се закажани за сабота, 26 октомври, со почеток во 20:00 часот (по средноевропско време), а трката ќе се одржи во недела, 17 октомври, со почеток во 20:10 часот.
Веќе е познато дека овогодишен екипен шампион во Формула 1 е тимот на Мерцедес, а неговиот возач, Британецот Луис Хамилтон има можност на оваа трка да стане и новиот светски шампион.
Најголем конкурент на Хамилтон во трката за шампионската титула во Формула 1 е неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас. Доколку Хамилтон на оваа трка успее да освои 14 поени повеќе од Ботас, тогаш уште во Мексико ќе може да ја прогласи својата 6. титула шампион во Формула 1.
Распоред на првите 5 возачи и тимови пред трката за Големата награда на Мексико:
Пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 338 поени
2. Валтери Ботас (Финска): 274 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 223 поени
4. Макс Верстапен (Холандија): 212 поени
5. Себастијан Фетел (Германија): 212 поени.
Пласман на тимови:
1. Мерцедес 612 поени
2. Ферари 435 поени
3. Ред Бул 323 поени
4. Мекларен 111 поени
5. Рено 68 поени.