Bedrudin Brlyavac
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ТОРИНО (АА) - Фудбалерите на Јувентус од Торино се првите финалисти во оваа сезона од Лигата на Шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Јувентус синоќа во Торино во реванш-натпреварот во полуфиналето на Лигата на шампиони со 2:1 го победи Монако, и со вкупен резултат од 4:1 влезе во финалето.
„Старата дама“ водеше со голот на Марио Манџукиќ во 33. минута од натпреварот, а предноста ја зголеми преку Дани Алвеш во 44.
Монако во 69. минута намали на 2:1 со голот на Килијан Мбапе со асистенција на Жоао Мутињо, што беше и конечниот резултат на натпреварот.
Во вториот полуфинален дуел денес од 20:45 ќе се сретнат градскиот ривал Атлетико Мадрид и Реал. „Кралскиот клуб“ ќе ја брани предноста од 3:0 од првиот натпревар одигран минатата недела, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.