Mutlu Demirtaştan
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Фудбалерот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Филипе Кутињо, нема да игра 3 месеци поради повреда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди клубот Барселона.
Во соопштението се вели дека Кутињо бил повреден за време на мечот одигран на 29 декември против Еибар кој заврши со нерешен резултат 1-1.
Се истакнува дека Кутињо бил подлежен на хируршка интервенција од левото колено.
Според соопштението, операцијата била успешна и дека Кутињо по три месеци ќе се врати на терен.
Оваа сезона Кутињо во дресот на Барселона одигра на 14 натпревари и постигна 3 погодоци.