Hüseyin Burak Demirer
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
АНКАРА (АА) - Денеска се одржа 4. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Се возеше Големата награда на Азербејџан, а победник е британецот Луис Хамилтон, со бодилот на Мерцедес, јавува Anadolu Agency (AA).
Четвртата трка од овогодинешниот шампионатот во Формула 1, се возеше на улиците на Баку, главниот град на Азербејџан. Возачите на формула 1 извозеа 51 круг на патеката долга 6.003 метри.
Трката од полпозицијата ја започна возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
Кими Раиконен, возачот на Ферари во борбата за 6. позиција имаше контакт со Естебан Окон од Форс Индија, по кој Окон остана надвор од патеката. Раиконен поради општетувањето на предното крило, влезе во пит-стоп за да го земени. Поради расчистување на патеката од отпаднатите парчиња од болидите, на патеката влезе безбедносното возило, кое патеката ја напушти во 6. круг.
Во 40. круг, по несреќата меѓу болидите на Макс Ферштапен и Даниел Рикардо, двајцата од Ред Бул, Валтери Ботас успеа да се позиционира на првата позиција по влегувањето на безбедносното возило на патеката, застанувајќи пред Фетел и Хамилтон.
Поради несреќата на Ромен Грожан, пилотот на тимот Хаас, трката продолжи во 47. круг, кога патеката ја напушти безбедносното возило. Фетел, не можејќи да запре по нападот што го изведе на целната рамнина, се позиционираше на 4. позиција.
Во 49. круг пукна гумата на мерцедесовиот болид управуван од Ботас, кој дотогаш се наоѓање на првата позиција, по што лидерската позиција ја презеде Хамилтон. Водството Хамилтон го сочува и во последните два круга, освојувајќи ја првата победа оваа сезона, 63. во кариерата. Второпласиран е Кими Раиконен со заостанување од 2,4 секунди.
Серхио Перез, возачот на Форс Индија, ја освои третата позиција заостанувајќи 4 секунди зад Хамилтон.
По оваа трка, Хамилтон се искачи на првата позиција на возачи на Формула 1 со 70 поени. Следи германецот Фетел со 66 поени, а третопласиран е Раиконен со 48 поени.
На 13. мај ќе се вози Големата награда на Шпанија, која е 5. овогодишна трка во Формула 1.
Распоредот на возачите на Формула 1 кои се најдоа на првите 6 позиции во трката за Големата награда на Азербејџан е:
1. Луис хамилтон (Mercedes)
2. Кими Раиконен (Ferrari)
3. Серхио Перез (Force India-Mercedes)
4. Себастијан Фетел (Ferrari)
5. Карлос Саинс (Renault)
6. Шарл Леклер (Alfa Romeo Sauber)
Пласман на пилоти
1. Луис Хаимлтон (В. Британија) 70 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) 66
3. Кими Раиконен (Финска) 48
4.Валтери Ботас (Финска) 40
5. Даниел Рикардо (Австралија) 37
Пласман на тимови
1. Ferrari: 114 поени
2. Mercedes: 110
3. Red Bull: 55
4. McLaren: 36
5. Renault: 35