Dejan Maksimoviç
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ЧАПЕКО (АА) - Фудбалерите на бразилскиот клуб Чапекоенсе дојдоа близу до освојување на трофејот во Суперкупот на Јужна Америка. И покрај фактот што клубот во ноември минатата година доживеаа голема трагедија, по падот на авионот, изгледа успеа брзо да се опорави. Во првиот натпревар во Суперкупот на Јужна Америка тимот од Чапеко славеше со 2:1 против колумбискиот Атлетико национал, јавува Anadolu Agency (AA).
Интересно, токму Атлетико национал, кој во јуни минатата година го освои Копа Либертадорес, требаше да биде ривал на Чапекоенсе во финалето на Јужноамериканскиот куп.
Меѓутоа, се случи кобниот лет за Меделин на 29. ноември 2016 година, кога во авионска несреќа загинаа 19 играчи, новинари и членови на раководството на бразилскиот клуб. Атлетико одлучи без борба да го предаде трофејот на Чапекоенсе и сега судбината повторно ги спои во Суперкупот на Јужна Америка.
Значи пред играчите и луѓето од Чапекоенсе е патот за Меделин, каде што на 11. мај оваа година ќе се одигра реванш.
Во првата средба бразилскиот претставник славеше со автоголот на Реиналдо де Силва во 24. и со голот на Луиз Отавио во 74. минута. Единствен гол за гостите од Колумбија го постигна Макнели Торес во 59. минута.