Emre Doğan
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Нури Шахин, кој ги брани боите на Борусија Дортмунд (Бундес лига), заедно со својот поранешен клупски колега Невен Суботиќ, даде свој придонес во еден проект за социјална одговорност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во содржината што ја објави на социјалните мрежи, Шахин наведува:
„Веќе една недела, почитувани пријатели, заедно со мојот клупски пријател Невен Суботиќ, престојуваме во Етиопија. Невен, од 2013 година наваму, во различни делови од светот, во кои владее суша, отвора извори на вода, вложувајќи големи напори во превенциите против можното ширење на болести кои потекнуваат од нехигиенски причини, и овоможувајќи им на децата да одат на училиште. Со поддржувачите на Фондацијата, досега отвори околу 100 извори на вода. Мене постојано ми велеше ’За да разбереш колку еден извор на вода им го менува животот на луѓето, треба да го доживееш тој момент‘. Бил во право. Благодарение на него, го доживеав најнезаборавното искуство во мојот живот. Бескрајно сум му благодарен што ми овозможи да бидам дел од едно движење на добрина кое не познава граници. Отсега натаму, заеднички ќе работиме во секој дел од светот за да излечеме насмевка на лицата на децата.“
Шахин (29), кој во својата кариера ги бранеше боите на Реал Мадрид, Ливерпул и Фејенорд, на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографии со децата во Етиопија.