Admir Fazlagic
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово вечерва на националната арена Филип Втори во Скопје беше поразена од италијанскиот Милан со 0:1 во возвратниот натпревар од плеј-офот на Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
На самиот почеток на мечот иницијативата ја имаше гостинскиот тим Милан и во 13. минута од натпреварот напаѓачот на напаѓачот на Милан Патрик Кутроне не му беше тешко да го совлада голманот на тетовскиот клуб Захов.
До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет иако неколку добри шанси преку контра напади имаше екипата на Шкендија преку капитенот Хасани, Ибраими и Радески кои не успеаја да го совладаат гостинскиот голман Сторари.
Претходно, тимот на Милан ја совлада Шкендија на домашен терен со 6:0, па во Скопје немаше тешка задача да обезбеди место во групите на Лига Европа.