Recep Şakar
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
МЕЛБУРН
Новак Ѓоковиќ, светскиот тениски рекет број 1 во машка конкуренција, во понеделник ја доби судската битка против австралиската влада која му ја укина визата пред започнувањето на „Австралијан Опен 2022“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рочиштето се одржа пред Федералниот и семеен суд на Австралија, кој го поништи налогот за укинување на визата.
На 4 јануари, Ѓоковиќ објави дека му е одобрено медицинско ослободување од вакцинација за Ковид-19.
Сепак, откако слетал на аеродромот во Мелбурн, Туламарин, австралиските гранични сили го испрашале и му ја поништиле визата.
„Австралиските гранични сили можат да потврдат дека г-дин Ѓоковиќ не обезбеди соодветен доказ за да ги исполни условите за влез во Австралија и неговата виза потоа беше укината“, рекоа австралиските гранични сили претходно во соопштението.
„Оние кој не се државјани и немаат валидна виза за влез или на кои им е укината визата ќе бидат приведени и депортирани од Австралија“, се додава.
Потоа Ѓоковиќ е испратен во хотел за притвор на имигранти во Мелбурн, по што тој поднесе жалба до федералниот суд.
Австралија им наложи на сите играчи да бидат целосно вакцнинирани против Ковид-19 за да се натпреваруваат на овогодинешниот прв гренд слем турнир во тенис.
„Австралијан Опен 2022“, ќе се одржи во периодот од 17 до 30 јануари во Мелбурн.